Џиновскиот крокодил, одговорен за смртоносните напади на југот на Филипините, влегол во Гинисовата книга како најголем крокодил во заробеништво. Животното наречено Лолонг, кое минатиот септември било уловено во градот Бунуван е долго цели 6,17 метри и тешко повеќе од еден тон. Некои од локалните жители се израдувале откако крокодилот бил уловен, но некои покажале загриженост поради можноста за појавување на уште поголем крокодил.
Откако се дознало за неговото уловување, Лолонг привлекол илјадници туристи, а градот заработил 72 илјади долари, само од продажба на влезници во паркот во кој бил сместен. Се верува дека е одговорен за смртта не едно дете и за исчезнувањето на еден рибар. во фаќањето учествувале околу сто лица.