Мексиканските слаткари за 60 часа го направиле 2 тони тешкиот колач од сирење, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Слаткарот Мигуел Ангел Гуезда рекол дека колачот од сирење со јагоди на врвот го направил заедно со уште 55 негови колеги.
За гиганскиот колач биле потребни 800 килограми крем сирење, исто толку јогурт, 350 килограми тесто, 250 килограми шеќер, 150 килограми путер и 100 килограми јагоди.
Колачот бил широк 2,5 метри а висок 55 сантиметри. Организаторите го поделиле колачот на 20.000 парчиња со кои се засладиле присутните жители.