Даниел Бросел од германското место Бург Штаргард има јазик широк осум сантиметри, јавуваат германските медиуми. Наводно со тоа би можел да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Даниел тврди дека досега сопственик на најдолгиот јазик бил австралиецот Џеј Слут. Неговиот јазик бил широк 7,9 сантиметри.
Даниел, кој по занимање е трговец, вели дека во животот нема проблеми поради преголемиот јазик. Додал дека јаде нормално и дека може најнормално да се бакнува со девојките.