Еден од најголемите јастози во Велика Британија сепак нема да заврши во лонец. Јастогот долг еден метар и тежок четири килограми остатокот од својот живот ќе го помине во аквариумот Блу Риф во Портсмут. Експертите претпоставуваат дека е стар околу 50 години.
Линдзи Холовеј од Портсмут рекла дека е големо достигнување што успеал да доживее толкава старост. Јастозите се едни од најстарите суштества на светот и можат да доживеат старост од преку 80 години. Најголемиот јастог некогаш уловен во Велика Британија е од 1934 година, а тежел 19 килограми.