На ботаничарите познат под името Amorphophallus titanum или Titan Arum, е цвет кој потекнува од Индонезија, а е познат под страшната миризба која ја споредуваат со миризбата на труло месо. Станува збор за голем цвет кој може да биде висок девет метри, и кој кога е во полно цветање, е широк шест метри. Билката исто така била единствена по тоа што цвета само еднаш на секои 7 до 10 години тоа на само 48 часа.
Експертите објасниле дека миризбата е толку страшна, што едниот од нив, откако минал доста време покрај цветот, ја избегнувал својата девојка. Билката е загрозен вид и се проценува дека за една година се случуваат само пет до десет расцветувања, а тоа е поради тоа што растела единствено во посебни услови. Цветот е забранет за садење во градина и не е достапен за јавноста, но може да се види во големи и посебни стакленици кои се прилагодени токму на него.