Најголемиот хамбургер на светот, тежок 352 килограми, бил направен во Калифорнија, пренеле медиумите. Овој хамбургер, кој бил спреман 14 часа, го соборил досегашниот рекорд кој изнесувал 268 килограми.
Хамбургерот со дебелина 91,4 сантиметри и обем од 152,4 сантиметри содржи речиси 23 килограми зелена салата, шест килограми туршија и 22,6 килограми кромид. Се проценува дека неговата енергетска вредност изнесувала 1375 милиони калории. Илјадници луѓе биле повикани да изедат по едно парче од хамбургерот за 99 центи, а приходот отишол кај локалната заедница која ги храни бездомниците. Ова достигнување било признато од гинисовата книга на рекорди.