По обработката која траела 21 месец во златарата „Кристис“ преубавиот дијамант од 101,73 карати во облик на крушка наскоро ќе биде понуден на продажба, а се проценува дека ќе достигне цена од дури 20 милиони долари. Скапоцениот камен кој бил откриен во еден рудник во Боцвана ќе биде продаден на аукција во Женева на 15 мај, а моменталните проценки покажуваат дека ќе достигне цена од 20 милиони долари.

Ова е најголемиот безбоен дијамант кој досега се појавил на аукција, а го понудил клиент кој сакал да остане анонимен. Во ноември минатата година, исто така на една аукција во Женева, бил продаден засега најскапиот безбоен дијамант по цена од 21,5 милиони долари.