Американскиот ресторан “Mallie’s Sports Grill and Bar” во Саутгејт, Мичиген, продава бургер од 84 килограми за околу 300 евра. Сопственикот на ресторанот Стив Мејли рекол дека им требале 8 часа да го испечат големото пециво во кое ја сместиле плескавицата.
Вели дека запишувањето во Гинисовата книга на рекорди е најубавата работа која некогаш ја сторил. Целиот живот работел за да го изгради својот ресторан. Месото го печеле 15 часа пред на него да растопат кашкавал и да стават салата. Од ресторанот бургерот го извадиле со количка.