Питонот со име Медуза, долг осум метри и тежок 136 килограми, ќе биде запишан во Гинисовата книга на рекорди како најголема змија на светот која живее во заробеништво. Џиновскиот питон неделно јаде по 18 килограми месо, а да би можел да се пренесе од едно место на друго потребни се дури 15 лица.


тренерот на Медуза, Лери Елгар, не се плаши од змии. Вели дека е свесен како питонот може да го убие, и затоа секогаш му приоѓа со почитување. Иако уште сега е многу поголем од просечните питони, Медуза ќе продолжи да расте. Елгар, чија змија ќе биде изложена во куќата на стравот во Канзас Сити, рекол дека кога ја купил пред седум години Медуза била со големина колку неговиот прст. Титулата за најголема змија во заробеништво до неодамна ја носела Флафи, долга седум метри, која минатата година угинала во зоолошката градина во Охајо.