Со голем огномет, во присуство на голем број граѓани, црквени големци и перуанскиот претседател Алан Гарсија, била откриена најголемата статуа на Исус Христос на светот. Висока била 37 метри, а била дело на бразилски мајстори. Поставена била над Лима, главниот град на Перу, а била донесена дел по дел до пиедесталот на кој била поставена.


Оваа знаменитост ја потиснала статуата на Исус Христос во Полска на второто место, бидејќи била за еден метар пониска од перуанската, а прочуената статуа во Рио де Жанеиро, со висина од 30 метри, сега е трета по големина во светот.