Во Шкотска бил постигнат нов светски рекорд, подготвувајќи ја најголемата количина зобна каша, која е омилен доручек меѓу британците. Количината била доволна да се нахранат 2000 луѓе, а била подготвена во сад од 690 литри. Една локална компанија обезбедила 80 килограми зобни снегулки, кои биле направени специјално за овој потфат.
Водата во садот била ставана од пожарникарите, кои ги користеле цревата кои ги користат за гаснење на пожари. Вaрењето траело неколку часа. Претставници на Гинисовата книга на лице место го потврдиле новиот светски рекорд. Претходниот изнесувал 300 литри, односно двојно помалку од новиот.