Дневен весник во САД, вероjатно ја направил најглупавата печатна грешка во историјата на новинарството. Весникот Valley News од Њу Хамшир погрешно го напишале, ни помалку ни повеќе, туку своето име на насловната страница.
Читателите во понеделникот останале изненадени кога виделе дека нивниот омилен весник од тогаш ќе се вика “Valley Newss”. Главниот уредник идниот ден им се извинал на читетелите, пишувајќи дека поради грешката се чувствува глупаво.
Печатната грешка веднаш е означена како фаворит во натпреварот за „печатна грешка на годината“, во изборот на блогот “Regret the Error”.