Најголемата и најсилна пајакова мрежа на светот се наоѓа во националниот парк на Мадагаскар. Мрежата долга 25 метри ја направил пајак со латинско име Caerostris darwini, кој е откриен минатата година. Тој го добил името во чест на познатиот научник Чарлс Дарвин и прави поголеми мрежи од било кој пајак на светот.
Мрежата им била позната на вработените во националниот парк, кои ја покажувале истата на туристите, но сега за прв пат е позната како најголемата пајакова мрежа на светот. Таа е направена од многу јак, леплив и еластичен биолошки материјал, кој го произведува новоткриената врста пајаци. Пајакот е помал од два сантиметри и се храни со ситни инсекти. Мрежата ја прават женките кои кои се многу покрупни од мажјаците.