Австриската компанија која неодамна банкротирала, на аукција ја ставила најголемата монета на светот, која е направена од најчисто злато. Монетата на предната страна го има ликот на кралицата Елизабета втора, а изработена е 2007 година од 100 килограми чисто злато. Идниот сопственик за неа ќе мора да издвои повеќе од 4 милиони долари.


На задната страна се наоѓа канадскиот национален симбол, три јаворови листа. За да се изработи монетата биле потребни три години, а таа е и монета со најголема номинациона вредност од еден милион канадски долари. Постојат само пет вакви монети, а останатите четири се во сопственост на британската кралица.