Една медуза фотографирана кај Корнвол во Велика Британија би можела да биде најголемата на светот, бидејќе е долга повеќе од еден метар. Медузата долга околу 1,2 метри ја фотографирал нуркачот и археолог Роберт Ленферт.
Роберт заедно со сопругата Наташа нукрал крај брегот а Корнвол кога налетал на огромното суштество. Тие пливале половина час покрај неа, и ја фотографирале од различни агли, како би можело јасно да се забележи колку е поголема од просечната медуза.