Според последната верзија на Гинисовата книга на рекорди, како најголема мачка на светот е прогласен “Херкулес” кој е мешавина на тигар и лав, а тежи неверојатни 418 килограми.
Овој “лигер” е долг 313 сантиметри, а висок 124 сантиметри. Лигерите кои се мешавина на тигар и лав најчесто се два пати поголеми од своите родители и тежат сто пати повеќе од домашните мачки.
Оваа мачка која неможе да се најде во дивината живее во “Myrtle Beach Safari” во Јужна Каролина, САД.