Во Брајан, Тексас, направена е куќа од слатки, која е толку голема што во неа може да живее семејство од пет члена. Група волонтери кон крајот на ноември направила куќа висока 6,7 метри користејќи големи количини шекер и брашно, речиси половина тон путер и околу 7200 јајца. За изградбата биле искористени и повеќе од 22 илјади бомбони и други слатки.

Куќата влегла во Гинисовата книга на рекорди, а ја подигнале членовите на клубот “A&M Texas Traditions” како би собрале парична помош за локалната болница. Менаџерот на клубот рекол дека билл импресиониран од духот на заедништвотокој го почуствувал додека ја граделе. Луѓето се собрале со вистинска причина и навистина многу работеле. Куќата како туристичка атракција привлекла бројни посетители и досега биле собрани околу 150 илјади долари. За посетителите ќе биде отворена до 14 декември.