Најголемата книга на светот долга 3,2 метри а тешка 250 килограми, која е објавена во Перу е изложена на меѓународниот саем на книгата во кубанската престолнина Хавана. Книгата со наслов „најдоброто од универзалните мисли“ е изложена од вчера, а на 160 илустрирани страници претставува мисли и афоризми на повеќе од 2000 автори.
Џиновската книга била изложена во историската градба Кабања во Хавана, каде се одржува деветнаесеттиот саем на книгата. На идеја за објавување на оваа книга дошла перуанската издавачка куќа која претходно ја објавила и најмалата книга на светот.