Во само четири години суперјахтата „Azzam“ настанала од идеја до брод спремен за пловидба. За нејзината изградба заслужна е компанијата „Lürssen Yachts“ од Бремен Германија. „Azzam“ е дури 17 метри подолга од претходниот рекордер „Eclipse“, чиј сопственик е Роман Абрамович, рускиот милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи. Иако нарачателот е непознат, странските медиуми пишуваат дека веројатно станува збор за член на саудиското кралско семејство. Неговите упатства биле да се направи јахта со иновативен и безвременски дизајн, која ќе може брзо да патува во топли и плитки води, истовремено давајќи луксузен и софистициран смештај за гостите.
„Azzam“ има 94 илјади коњски сили, кои ги црпи од два бензински и два дизел мотори, а максималната брзина и достигнува 34,5 километри на час, односно 30 чворови, што ја прави една од најбрзите јахти на светот. За да функционира нормално потребен е екипаж кој ќе брои 50 членови. Не е познато колку гости може да прими.