Најголемата градба направена од дрво во светот е руската православна црква на Островот Кижи, изградена пред 150 години. Црквата е висока 37,5 метри, и била напрванеа во 18 век без ниту еден клинец, а единствениот метал во неа било ѕвоното во кулата. Црквата неодамна била реновирана, но не се користело ништо освен дрво, како и понатаму би останала уникатна градба.

На црквата се наоѓаат 22 куполи, камбанарија која ја направил Сисој Осипов, како и 102 икони кои потекнуваат од 17 и 18 век. Пред оваа црква да биде детално испитана, за најголема дрвена градба се сметал авионскиот симулатор во Албаркурки, кој е со големина од 180 метри, но во неговата конструкција се наоѓшале метални плочки кои ја придржувале конструкцијата. Оваа црква ја нарекуваат и Кижи Погост, по островот на кој се наоѓа на езерото Оњега, па УНЕСКО ја сврстил меѓу своите споменици во 1990 година.