Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на цени на земјоделските производи на зелените пазари во јуни 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај лукот и лупените ореви. Најголемо намалување на цените е забележано кај краставиците и лимоните.
 
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во јуни 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај лукот, јаболката и лупените ореви. Најголемо намалување се забележува кај кромидот, зелката, краставиците, тиквичките и лимоните.

OhridNews