Емиратот Дубаи, која неодамна е избран за домаќин на светската изложба во 2020 година, најавил за Нова година грандиозен, најголем огномет на светот. Овој пиротехнички спектакл би требало во новогодишната ноќ да го осветли небото над Дубаи цели шест минути. Локалните власти соопштиле дека во таа прилика ќе бидат испалени рекордни 400 илјади проектили од вештачкиот остров Палм Џумеира и „архипелагот“ Свет, спој од 300 острови кои ја формираат мапата на светот.
Според медиумите, со овој огномет, на кој ќе бидат анагажирани 200 техничари, емиратот сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Дубаи се обидува статусот на атрактивна туристичка дестинација постојано да го потврдува со нови проекти, често фараонски, како што се најголемата кула на светот Бурж Калифа, вештачка ски писта во склоп на трговски центар и Палм Џумеира, вештачкиот остров во форма на палма.