Крис Водруф, 22-годишен војник од Плејмоут, Велика Британија, фалсификувал документи за осигурување на автомобилот. Направил една, но голема грешка.
Како ден на истекување на осигурувањето го навел 31 февруари, кој инаку има 28, односно во престапните години 29 дена. На полицаецот кој го застанал тоа му било чудно па го пријавил.
Крис сакал да си отиде од војска и да се вработи во полиција. Со ваков прекршок тешко дека ќе ја добие работата што ја сакал.
– Вашите планови да станете полицаец не се веќе реални. Фалсификувавте документи за осигурувањето и морате да бидете казнети. Не можете да возите без осигурување. Ова е веќе трет пат да сте фатени како немате осигурување на автомобилот – му рекол судијата.
Го осудил на 10 месеци и му забранил да вози шест месеци. Британецот се обидел да се извлече од ситуацијата бидејќи имал мало дете, а жена му наскоро треба да роди и друго. Не успеал и ќе мора да ја одработи казната.