Мажот кој тврди дека има најјак глас во Кина, патува низ земјата и ги промовира олиписките игри во Пекинг. Ли Хуедонг (45) од Шангај еднаш со својот глас предизвикал сообраќаен метеж бидејќи возачите мислеле дека се активирал аларм за опасност. Моментално прави турнеја низ 12 градови каде бара луѓе кои со него ќе се натпреваруваат во викање.
Ли тврди дека неговиот рекорд е 120 децибели.