Едниот Најдоски, онај легендарниот дефанзивец Илија беше присутен на стадионот во Струга на мечот Македонија – Полска. Другиот Најдоски, синот Дино ги одигра првите 45 минути во македонскиот дрес.
Синот Дино, кој својата фудбалска кариера ја гради во швајцарската Белинцона, посакува еден ден да постигне барем мал дел од она што го направил неговиот татко.
– Мојот татко навистина постигна многу и малце веројатно е да се повотори тоа. Јас настапувам без притисок и се гледам себеси како друга линост , секако дека посакувам да повторам дел од неговите достигнувања , и сметам дека со многу работа може да се постигне успехот.
Најголемите забелешки Дино од Илија ги добивал во текот на неговото фудбалско растење, што треба да се корегира, а што треба да се отстрани.
– Кога бев помал во помалите категории ми даваше сугсетии и насоки во играта во одбраната, најчесто тоа беше позиционирањето и играта со глава. Постојано бараше од мене тоа што не е добро да се корегира, а што е добро да се надгради – вели Дино.
Најдоски смета дека оваа селекција на фудбалери има квалитет и дека може да се носи со селекциите кои се наши противници во Турција.
– Одиме да се надигруваме имаме тешка група, но ние одиме да играме со срце за Македонија, па што биде нека биде, јас мислам дека можеме да се носиме со сите репрезентации – завршува Најдоски.