Антрополог Џејн Фајанас, професорка во Корнел Универзитетот, седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век го проучувала народот Баининг – култура која антрополозите ја именуваат како најдосадна на Земјата.
Народот Баининга, населен во Папуа Нова Гвинеја, веќе неколку децении им е интересен на антрополозите, токму поради тоа што нивниот живот изгледа многу досадно.
Едно од првите истражувања на овој народ, пробал да го спроведе антропологот Грегори Бејтсон во дваесетите години на минатиот век, но се откажал после 14 месеци што ги поминал со народот Баининг, при што напишал дека тие живеат безбојни животи.
Пола век подоцна Џереми Пул, дошол до истиот заклучок, а Фајанас открила дека племето нема ништо интересно во својата традиција, ни припадниците на племето не сакаат да зборуваат многу за себе и за своите животи.
Тој народ се смета за “неистражлив” поради тоа што во нивната култура не се случува ништо интересно. Припадниците на Банинг сметаат дека работата и продуктивноста се најголемите човечки особини. Се занимаваат главно со полјоделство и нивниот живот се сведува на тоа, а освен семејството не познаваат никакви институции, нити државни, ниту религиски. Немаат вода, развиена митологија, ни верувања во традицијата.
Племето нема прослави, верски традиции, ритуали, малку зборуваат, но после одредени истражувања Фајанс доаѓа до заклучок дека ова племе сепак има едно верување, а тоа е дека работата и продуктивноста се одлика на само една врста – човечката.
За да се дистанцираат од животните, својот живот го посветуваат на работата и исклучуваат се што не е работа. Децата се казнуваат поради игри, до таа мера што рацете им се ставаат во оган ако по неколку предупредувања не престанат со играта.
Сексуалните односи исто така се сметаат непожелни и животински, па дури 36% од децата во народот Баининг се посвоени од надвор. Посвојувањето се смета поблагородно отколку раѓање сопствени деца.
Поради овие верувања сите припадници на Банинг се еднакви, не постојат никакви друштвени хиерархии и институции.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com