За најдосаден ден во историјата е прогласен 11 април 1954 година, заклучиле научниците при универзитетот во Кембриџ, наведувајќи дека тој ден не се случило ништо важно што би можело да го забележат медиумите. Во тие 24 часа на 11 април таа година не се случил ниту еден значаен настан.
Во векот во кој се случиле двете светски војни, во кој човекот зачекорил на месечината и се измислиле интернетот и телевизијата, на тој ден не се случило ништо со исклучок на изборите во Белгија и раѓањето на турскиот академик Абдула Аталар. До овој резултат британските научници дошле со пребарување на 300 милиони податоци на компјутер.