Германецот Bernd Ottovordemgentschenfelde од Рајнленд е сопственик на најдолгото презиме во Германија. Тој рекол дека често има проблеми додека прави нови документи или потпишува некои потврди. Своето презиме од 24 букви поради малото место на кредитните картички морал да го скратува, а неговата сопруга и ќерка одлучиле презимето да го скратат во Gentschenfelde.
Изјавил дека кога се родил таткото сакал да му даде уште едно име, но за среќа неговата мајка го спречила во тоа. Експертката за имиња при универзитетот во Лајпциг, Џудит Шванке потврдила дека Бренд има најдолго презиме во Германија.