Тунискиот моден креатор Ларби Букама заслужи место во Гинисовата книга на рекорди шиејќи ги најдолгите панталони во светот, долги дури 50 метри. На фудбалскиот стадион во Тунис, главниот град на истоимената држава, ја претставил својата последна креација која по должината одговара на зграда од 22 спрата.


Педесет метри долгите панталони со струк од 36 метри го срушиле досегашниот рекордот кој останал краток за десетина метри. На нив работел последниве два месеци по осум часа дневно. Искористил 1600 метри ткаенина и потрошил 16500 евра. Претставникот на Гинисовата книга изјавил дека без дилеми ја заслужил наградата.