Ли Редмонд од Салт Лејк Сити, чие име е забележано во Гинисовата книга на рекорди во категоријата најдолги нокти, доживеала автомобилска несреќа, во која ги скршила нејзините многу чувани нокти.


Редмонд, пренесуваат медиумите, ноктите не ги сечела од 1979 година. Спрема информациите објавени во Гинисовата книга на рекорди, вкупната должина на сите нокти минатата година изнесувала повеќе од 8,5 метри. Најдолг нокт и бил на палецот од десната рака, 65 сантиметри.