Џиновската машина за дупчење по име Сиси треба да го издупчи последниот метар од карпата која стои на патот на градењето на најдолгиот тунел на светот. Пробивњето на железничкиот тунел долг 57 километри, кој се опишува како триумф во напорите за зачувување на природата и како најголем градежен потфат е свечено закажан деновиве. Тунелот се наоѓа во швајцарските Алпи и е вреден десет милијарди долари. Дел е од поголем проект со кој превозот на стока со камиони се префрла на железницата, поради стравувањето дека тешките камиони го уништуваат алпскиот пејсаж.
Швајцарските граѓани, кои плаќаат по 1300 евра за финансирање на проектот го одобриле градењето на референдум пред две децении, а ќе почекаат до пуштањето на тунелот во употреба уште неколку години. Општо е мислењето дека парите се добро потрошени, иако тунелот ќе го скрати патувањето од Швајцарија до Италија за само еден час.