На земјоделскиот саем во Швајцарскиот град Паерн бил направен најдолгиот свински колбас на светот, со должина од речиси три километри. Швајцарските месари Серж Виломе, Оливиер Вебер и Лудовик Мерсие за нешто помалку од седум часа направиле колбас долг 2952 метри, за кој употребиле 900 килограми месено месо припремено претходниот ден во две локални месари, пренеле пвајцарските медиуми.

Единствениот колбас бил споен од 18 илјади мали колбаси долги од 17 до 19 сантиметри. Овој колбас ќе биде понуден на дегустација во локалните ресторани и посетителите на саемот, и тоа во пакети од 10, 20 или 100 помали делови.