Еден јапонски инженер поставил нов светски рекорд во фрлање хартиен авион. Летот траел 27,9 секунди и може да им помогне на стручњаците за аеродинамика при дизајнирањето на вселенски бродови. Негова следна цел е да лансира хартиен авион од вселената.


Авионот бил долг 10 сантиметри и направен од едно парче хартија. Јапонскиот рекордер вели дека клучот на успехот лежи во висината на летот.