Канадскиот пејач Гонзалес го соборил светскиот рекорд во најдолг самостоен концерт, бидејќи неговиот настап траел 27 часа, 3 минути и 44 секунди. Неговиот подвиг постигнат во Париз е забележан во Гинисовата книга на рекорди. Пеејќи и свирејќи клавир го соборил дотогашниот рекорд кој го држел индиецот Прасана Гуди кој свирел 26 часа и 12 минути.


Концертот бил поделен во делови од по три часа со паузи од по 15 минути меѓу деловите. Канаѓанецот кој живее во Париз составил листа од триста нумери меѓу кои познатите : „Summertime“, „Baby one more time“, „Еye of the tiger“; и други. Тој исто така исполнил и некои свои нумери.