Ускладувањето на германските закони со прописите на Европската Унија довело до неочекуван јазичен губиток, односно до укинување на најдолгите зборови во германскиот јазик. Именката од неверојатни 63 букви, Rindfleischetikettierungs”uberwachungsaufgaben”ubertragungsgesetz, или во превод Закон за должностите на претставништвата и надгледувањето за обележување стока и говеда, е исфрлена од употреба, па така повеќе никој нема да мора да го крши јазикот во обид да ја прочита или изговори.

Овој закон, донесен во 1999 година како мерка во спречувањето на болсета кравјо лудило, службено бил избришан од речникот минатата седмица по промените во склад со ЕУ. И покрај оваа промена, во германскиот јазик нема да неодстасуваат километарски зборови, како Donaudampfscifffahrtsgesellscaftskapitaenswitwe, во превод „вдовица на капетан на дунавска компанија за парни бродови“, или Kraftfahrzeug-Haftpflichtversicherung, или обавезно осигурување на автомобилско возило.