Продуцентите на шведскиот филм “Ambiance” имаат големи амбиции, сакаат нивното остварување да биде најдолго во историјата на кинематографијата. Филмот би требало да трае 720 часа, а во кината ќе стигне во 2020 година. Оние најнестрпливите можат веќе сега да ја погледнат најавата во траење од 72 минути. Режисерот Андрес Веберг се надева дека тоа ќе биде доволно да ја заинтригира публиката.
Тој планира да објави два трејлера, еден од седум часа и 20 минути, кој ќе може да се види во 2016 и еден од 72 часа планиран за 2018. Филмот ќе биде прикажан на 31 декември 2020 година. Проекцијата ќе трае 30 дена, а по завршувањето на одјавната шпица Веберг има намера да го уништи целиот проект. Моментално најдолг долгометражен филм на светот е “Modern Times Forever” кој трае 240 часа.