Една кинеска невеста се венчала во венчаница чија должина преминала два километри. Гостите, кои ги имало преку 200 три часа ја одмотувале венчаницата во градот Дилин, Кина. Венчаницата била украсена со 9999 ружи од свила. Идејата за венчаницата ја добил младоженецот Џао Пенг, вработен во кинеските железници.
Рекол дека фустанот ќе влезе во историјата и дека воопшто не му е важно дали ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Досегашниот рекорд изнесувал 1579 метри. Младите кинези често трошат големи пари за нивната свадба да биде оригинална. Пенг венчаницата ја платил 4000 евра.