Двајца готвачи од италијанскиот синџир ресторани Паолос ,кој се наоѓа во Виена, ја направиле најдолгата тестенина на светот. Долга е дури 41,76 метри.
Австриецот Александар Вакер и неговиот италијански колега Паоло Филипи успеале да ја направат најдолгата тестенина дури од четирнаесеттиот обид и после потрошени 20 килограми брашно. Ја изложиле во ресторанот, а за да не се исуши ја премачкале со смола.
Наредната година планираат да се надминат себеси и да направат тестенина долга дури 100 метри.