Новиот светски рекордер во должина на јазик е Американецот Ник Стоибрл од Калифорнија. Тој влегол во Гинисовата книга на рекорди со десет сантиметри.

Во неговиот случај тоа е едноставна вистина која 24-годишниот Американец го лансирала во Гинисовата книга на рекорди.

Јазикот на Ник е долг десет сантиметри и еден милиметар од врвот до затворена уста, што е за три милиметри повеќе од досегашниот 12-годишен рекорд кој го држел Британецот Стивен Тејлор.

Ник ќе биде шеесетти во книгата на Гинис заедно со жената која е заслужна за најголем јо-јо на светот и американскиот стрелец кој држи рекорд во најдалеку фрлена стрела без користење на раце.