На меморијалниот турнир во мал фудбал, кој по јубилеен петти пат се одржува во Лескоец останаа уште натпревари по кои ќе знае конечниот пласман.
За трофејот во големото финале од јубилејното петто издание на турнирот во мал фудбал кое на програмата е во 22 часот ќе се борат екипите на Кадмо и АСП Пак.
Финалната програма на последниот ден од турнирот ќе започне во 20 часот со натпреварот за трето место меѓу поразените полуфиналисти Леонардо Пица и Викса Пром.
Во 21 часот во чест на прерано починатите Љупчо Цветаноски (Шенгелија) и Јордан Башукоски (Пиперот) традиционално ќе се одигра ревијален натпревар.
Ohridnews