Официјално надоброто виски на светот за 2015 година не доаѓа ниту од Шкотска ниту од Јапонија. Оваа година на првото место се најде вискито „Кавалан“ од Тајван. Ова виски го произведува дестилеријата “King Car”, основана во 2005 година. На вебсајтот на здружението кое секоја година го прогласува најдоброто виски, се наведува дека „Кавалан“ изненадувачки се лизга низ непцата и дека има вкус како чоколадно млеко помешано со бурбон.

 

Вискито „Кавалан“ уште во 2012 година било прогласено за ново виски на година, и добило бројни други награди и пофалби, а се нашло и во книгата „101 виски кои морате да ги пробате пред а умрете“. Овој пијалок може да се купи во ланецот супермаркети „Теско“ и чини околу 40 фунти.