Охридскиот сојуз на спортови на церомонијата во Општината по петти пат во низа ги прогласи најдобрите спортисти за годината што изминува во градот Охрид.


Сите почести заминаа за ракометарот Иван Тасески кој се закити со наградата најдобар спортист, но добра глетка беше да се видат најдобрите спортисти од Охрид на едно место.


Свое обраќање да присутни имаше градоначалникот Никола Бакрачески кој изрази голема благодарност за наградата од Сојузот на спортови и претседателот на истиот Коста Карадимче.


Од следната година Сојузот на спортови ќе воведе нов начин на бодување и аплицирање за што подобар избор околу најдобрите во градот.

Иван Тасески спортист на годината во Охрид, животно дело за Ацо Гаврилоски

Мх.П.