Нешто ново, нешто необично, а светски донесе во Охрид првото издание на атлетскиот викенд Охрид Трчат. Голем број на охриѓани и гости сабајлево излегоа на улиците и на градскиот плоштад да бидат дел од атлетскиот викенд кој ќе прерасне во традиција.
Многу среќни и исполните лица можеа да се видат по завршувањето на 5 и 10 километарската делница, а имаше такви кои трчаа со своите мали дечиња во колички или за рачиња, а имаше и луѓе кои трчаа во чест на некого.
Охрид Трчат, дефинитивно (ќе) го промени Охрид и го доближи до светските метрополи кои можат да се пофалат со неколку големи манифестации во една година.
Фотогалерија:
Дарио Иваноски и Адријана Поп-Арсова победници на Охрид трчат
Михаил Постоловски