Еден од клучните играчи во составот на селекторот Јовица Арсиќ, е задоволен од текот на подготовките. Нашето силно крило очекува најдоброто оваа селекција да го прикаже токму на Евробаскетот во Полска.
– Морам да кажам дека се оди според планот и подготовките течат во најдобар ред. Досега одигравме неколку натпревари на кои се покажавме во добро светло, со исклучок на првиот меч овде во Охрид, против Словачка кога заморот и останатите околности не ни дозволија да се размавнеме. Добро е што младите кошаркари одлично се вклопија во системот на работа– вели Антиќ.
Македонската репрезентација ја очекуваат уште неколку тренизи во Скопје, пред “црвено-жолтите” да заминат на два силни турнири. Првиот веќе од 20. август во Бамберг (Германија) а потоа и оној во Анкара (Турција). На турнирот во Германија можен противник на нашата репрезентација ќе биде еден од нашите соперници во Полска, репрезентацијата на Хрватска.
– Се уште е рано да размислуваме за турнирот во Германија, па и оној подоцна во Турција. За нас најважно е да се подготвиме што е можно подобро, пред се на кондициски план, бидејќи во овој момент сме некако далеку од посакуваната форма, а потоа има време, ќе размислуваме за останатите натпревари и противници, во секој случај.
Антиќ е оптимист и очекува Македонија да биде едно од најпријатните изненадувања на европскиот шампионат.
-Најдоброто од нас ќе го сочуваме за Полска, во тоа сум сигурен. Полека одиме кон посакуваната цел. пред нас имаме уштеработа, две силни проверки, со сериозни репрезентации, исто така учеснички на Европското првенство. Тие ќе треба да нибидат некој патоказ на патото кон Полска каде треба да бидеме оние вистинските. А таму е можно се, па зошто да не и наш ‘премин’ во втората фаза од ЕП- заклучува еден од нашите најголеми адути.
Денес со почеток во 12:00, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК „Ласкер“ Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид На Пи...
Ракометарот на ГРК Охрид, Никола Шипинкоски, остатокот од сезоната 2024/2025 ќе го доигра во екипата на РК Прилеп, информираат од ГРК Охрид По завршувањето на сезоната, Шипинкоски ќе и се приклучи ...
Во рамки на 16-то коло од Втората кошаркарска лига кошаркарите на Охрид гостуваат во Скопје кај КК МЗТ Скопје – Уни Банка Натпреварот ќе се одигра во недела, 2-ри март, со почеток во 16:30 ча...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.