Престижното модно списание „Вог“ ги избрало најдобро облечените жени за 2010 година. На првото место се нашла водителката Алекса Канг. Ласкавата титула ја добила поради својот непогрешлив вкус за модата. Второто место го зазела холивудската звезда Анџелина Џоли, која се нашла на високото место поради фактот што во последно место освен црна и бела во своите комбинации за облекување сврстила и повесели бои, што им се допаднало на критичарите.


Најмногу внимание било вперено кон актерката Ема Вотсон, која ги воодушевила челниците на „Вог“ со својата кратка коса, за која веат дека одлично и прилега и ја прави посериозна. Досегашната модна икона Кејт Мос оваа година се нашла на десеттото место, а контраверзната Лејди Гага добила многу симпатии кај модните уредници на списанието.