Кожата треба редовно да се негува за да биде убава, мазна и младолика, но притоа треба добро да се внимава на тоа кој тип на кожа го имате и што користите.

Негата на кожата зависи од типот на кожа кој го имате, па ако сакате секогаш да изгледате младолико и убаво, внимавајте што користите од широката понуда на пазарот. Еве неколку совети за чистење на лицето според типот на кожа:

Кожа склона кон акни – препорачливо е да се користат производи кои имаат карактеристики на пилинг во комбинација со гелови за проблематична кожа.

Масна кожа – најдобро е да се користи тоник кој ќе го отстрани вишокот на маснотија заедно со изумрените клетки и нечистотија, а така успешно ќе ја спречите појавата на митесери.

Мешана кожа – овој тип на кожа бара комбиниран пристап на чистење – масната Т зона најдобро се чисти со тоник, додека образите и остатокот од лицето можете да  ги чистите со гел или млеко за чистење.

Чувствителна кожа – овој е тип на кожа кој бара постојано бирање на производи на природна база за да ги избегнете алергиите и иритациите.

Сува кожа – Уверливо најдобар избор е млекото за чистење кое кожата квалитетно ќе ја исчисти, а притоа нема да ја исуши.

извор:metro-portal.hr