Бел Мерцедес го освои трофејот на четвртиот Велигденски турнир во мал фудбал, Охрид 2012 и им се приклучи на досегашните победници Скопско, Спарадајс и Вис Пој.


“Мечките“ без пораз и реми стигнаа до тронот, откако за прв пат учествуваа во финале додека поразената екипа Бекче, втор пат останува со “празни раце“. Во ланското финале беа совладани од Вис Пој со 6-1 додека оваа година претрпеа минимален пораз од 1-0.


За најдобар фудбалерот на турнирот беше избран “неуморниот“ Александар Велески. Токму со неговиот гол во финалето, Бел Мерцедес стигна до тронот.


Во првото издание на турнирот во мал фудбал за најдобар фудбалер беше прогласен Ранко Матески од екипата на Скопско додека напаѓачот на Вис Пој, Ѓеоргиевски Мишо на два пати се закити со епитот најдобар фудбалер.


Наградата за најдобар стрелец на турнирот Охрид 2012, му припадна на фудбалерот од екипата на Дисконт Царовски, Соколовски Сашо постигнувајќи 12 погодоци. Агушевски Аднан сеуште го држи рекордот по постигнати голови на турнирот 20 во првото издание.


Поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири, две години во низа најмногу ги тресеше противничките мрежи.

Најдобар помеѓу стативите беше чуварот на мрежата на “мечките, Едис Абди. Прв наградата за најдобар голман ја доби Лазески од тимот на Вис Пој додека со оваа награда беа одликувани Карамачоски од Спарадајс и голманот на Дисконт Царовски, Петровски.


Фото : Прогласени најдобрите на турнирот “Охрид 2012“

Трета среќа за „Вис Пој“

Избрани најдобрите на турнирот Охрид 2010


Награди за најдобрите ! !