Трендовите можеби се менуваат со голема брзина, но жените со стил знаат некои трикови кои не застаруваат никогаш. Научете како да бидете секогаш во тренд и дознајте кое парче никогаш не застарува и како да ја носите облеката за да се издвојувате секогаш од другите.
Ставете марама или шал
Најдобро облечените жени ја одбираат марамата како свој омилен детаљ. Носете марама секогаш во вашата чанта.
Помал број на фармерки
Доколку сте во дилема кој број на фармерки да го одберете секогаш одбирајте го помалиот. Тие секогаш се растегнуваат, а нема ништо полошо од фармерка која виси.
Детаљи во светли бои
Доколку во ормарот ви доминира облека во неутрални тонови, додајте малку живот во својот стајлинг со помош на штикли и ташна во светла нијанса.
Должината на пантaлоните зависи од штиклите
Најголемата грешка која ја прават жените кога носат пантaлони е нивната должината која не одговара во однос на штиклите. Ногавиците треба да паѓаат преку врвнот на штиклите и да го покриваат поголемиот дел од штиклите. Кога носите балетанки, пазете вашите пантaлони да не се предолги и да ви се повлекуваат под петите бидејќи тоа делува неуредно.
Закопчана бела кошула
Белата кошула ги прави фармерките елегантни. Нејзина маана е што има краток рок на траење. Купете три бели кошули, не користете средство за избелување бидејќи ќе пожолтат и перете ги редовно.
Ослободете ги рацете
Чанта со долг ланец ви овозможува да ја носите на страна и да ги ослободите рацете, а покрај тоа изгледа и многу шик.
Неколку исти парчиња
Научете нешто од Џеки Оназис која имала полн ормар со елегантни фустани. Доколку пронајдете крој кој вас ви стои одлично купете го во неколку бои. Кога е нешто добро зошто да го менуваме?!