Традиционално по трети пат годинава ќе се одржи Фолк фест Спасовден, фестивал на народни препеани песни. Оваа година новина е тоа што половина песни ке бидат новокомпорини, соопштија организаторите.
На фестивало оваа година ке земат учество и фолк изведувачи кои за првпат ке настапуваат како што се Наум Петрески, Анета и Молика, Евто Пупиновски, Сузана Гавазова Чуле и Дрим тим, Новица Василевски, Татијана Лазаревска, Куба и Акорди, Елена Јовчевска, Дарко Билбиловски, Орце Стефковски, Сања Петковска, Јуле, Елена и др. Тука се и учесници кои по втор или трет пат земаат учество како Даниела Темелковска, Анета Наковска,Тања Јовановска, Маестрал, Фаворити, Гашо,и др. Вкупно се пријавија над 50, а ќе настапат 30 изведувачи.
Фестивалот, кој секоја година го следи илјадна публика, се одржува на фудбалскиот стадион во Лескоец. Оваа година Фестивалот ќе го отвори Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. После фестивалот предвидена е заедничка забава со учесниците во некој од охридските хотели.
Покровител на Фолк фест Спасовден оваа година е Општина Охрид.Фолк фест Спасовден ќе се емитува на австралиската Сателитска тв „ИНТВ“ која неодамна се гледа ширум Европа,ТВ Сонце и 13 локални македонски телевизии.