Избрани дела од уметниците учесници на ликовната колонија „Вевчански видувања“ ќе бидат изложени во галеријата „MC“ во Њујорк, САД, од 7 – 20 април.

Изложбата насловена како „Balkan in the row“ ја организираат ликовната колонија „Вевчански видувања“, галаеријата „М“ од Белград, Србија и галеријата „MC“ од Њујорк. Генерален покровител на изложбата е ресторанот „ВИА Игнација“ од Вевчани каде се одржува колонијата, а настанот е поддржан од Министертсвото за култура на Република Македонија.

-Целта нa колонијата е обединување на уметниците кои црпат инспирација од убавините на Вевчани, промоција на соработката и почитта помеѓу народите и државите и создавање уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување. – велат организаторите на колонијата.

Ликовната колонија „Вевчански видувања“ се одржува од 2010 година и веќе има стекнато меѓународно реноме. До сега на неа учествувале плејада познати уметници од земјава и светот. 

OhridNews